Рамбо тренира со Норвешка

Искусниот ракометар на Рунар, Кристофер Рамбо, ќе биде дел од норвешката репрезентација во текот на подготвителниот период, но исто така би можел да настапи и на Европското првенство во јануари.

Десниот бек доби голема доверба од страна на селекторот на Норвешка, Јонас Виле, кој истакна дека 34-годишниот ракометар прикажува одлично партии во најсилното норвешко натпреварување.

,,Кристофер има големо репрезентативно искуство, во минатото учествуваше и на неколку првенства. Во норвешкиот шампионат редовно покажува дека има многу квалитети кои можеме да ги искористиме и за време на Златната лига, но и доколку се појави потреба за време на Европското првенство”, изјави Виле.

Бидејќи членот на ПСЖ, Кент Робин Тонесен, имал напорна сезона на неколку фронта, неговото место за време на подготовките ќе го пополни токму Рамбо, кој ќе биде и меѓу резервистите за континенталниот собир.

Норвешка на Европското првенство за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Словенија, Полска и Фарски Острови.

Познат списокот на Норвешка за ЕП – Виле смета на Сагосен, Род, Рајнкинд…