📷 Ракометарките тренираа во „Боро Чурлевски“, утре ги чека полна сала во Битола

Женската репрезентација на Македонија ја очекува реванш натпреварот од бараж двомечот за пласман на СП 2025 против селекцијата на Полска.

По долго време дамите ќе играат надвор од Скопје, а Битола и салата „Боро Чурлевски“ ќе бидат домаќини.

Ракометарките вчера се вратија во Македонија и веднаш отпатуваа за Битола, а таму го одржаа и првиот тренинг, на кој ги посети битолскиот градоначалник и им посака среќа.

Полска славеше со 22-18 на првата средба, па шансите за пласман на СП 2025 постојат се уште, а пред полна сала во Битола се може да се случи.

Билети за натпреварот има уште малку, а можете да купите ТУКА.