Рајн Некар ја доби драмата во Лисабон, Ловќен потклекна пред Кадетен

Рајн Некар Левен славеше со 36-35 на гостувањето кај Бенфика во Лисабон во драматичен натпревар кој беше решен во последните секунди.

Бенфика имаше и плус два во финишот 34-32, па 35-34, и напад на стартот на последната минута, но Мореира згреши, гостите казнија преку Киркелоке во последната секунда за голема победа.

Филип Талески доби шанса на овој натпревар во домашниот тим, но немаше гол од двата обиди.

Црногорскиот првак Ловќен загуби дома од швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, со 29-26, иако во најголемиот дел од меч беше конкурентен. Бојан Маџовски имаше два гола од три обиди.

Лошата вечер на Вуко Борозан , 3/10, беше проблем за Ловќен, а најдобар стрелец со осум погодоци беше екс членот на Охрид, Филип Кривокапиќ.

Лига на Европа, 3. коло, резултати:

Група А

Кристијанштад – Нант 27:31 (17:19)
Бенфика – Рајн Некар 35:36 (15:19)

Хановер – АЕК Атина 31:25 (12:14)
Горњик Забже – Луцерн 32:28 (18:12)

Група Ц
Велење – Куенка 28:20 (11:10)
Савехоф – Винтертур 41:20 (21:11)

Група Д
Брага – Скјерн 25:32 (11:16)
Повашка Бистрица – Нексе 28:39 (15:18)

Група Е
Елверум – Фленсбург 32:33 (13:13)
Ловќен – Кадетен 26:29 (10:11)

Група Ф
Алкалоид – Силкеборг 23:31 (12:16)
Војводина – Ла Риоха 24:25 (12:12)

Група Г
Фуксе Берлин – Динамо Букурешт 33:30 (16:11)
Извиѓач – Шамбери 27:40 (16:22)

Група Х
Констанца – Хобри Глогов 29:18 (15:8)
Татабања – Спортинг 31:32 (13:12)