Екипата на Раховец, која е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, продолжува со одличните резултати на домашна сцена.
По успехот во Европа, односно пласманот во третата рунда од Европскиот Куп, Раховец успешно им се врати на домашните обврски.
Избраниците на Андоновски во натпревар од 8. коло од најквалитетното натпреварување на Косово славеа над Беса Фамгас со 35:30.
Три погодоци во победата на Раховец запиша и кружниот напаѓач од Македонија, Стефан Атанасовски, додека Виктор Алонсо Гарсија, кој дел од својата кариера ја мина во Вардар, беше најефикасен во славеничкиот тим со дури 13 погодоци.
Раховец со победата над најтрофејниот косовски клуб се задржа на 1. позиција на табелата, сега има 12 бода, исто толку има и Кастриоти, но овој клуб има одиграно два натпревари повеќе.