Радовиш со три засилувања ги почна подготовките за претстојната сезона

Екипата на Радовиш ги започна тренинзите во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона.

Тренинзите се реализираат во СРЦ „25 мај“ во Радовиш, а екипата е комплетна со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија.

Нови имиња во екипата на Радовиш се Славе Јанковски кој игра на позицијата лево крило, а доаѓа од екипата на Голден Арт, Петар Стојаноски кој игра на позицијата бек, доаѓа исто така од Голден Арт и Марко Стојанов кој исто така игра на позицијата бек, а минатата сезона настапуваше за тимот на Бутел.

Тренерскиот тандем Долдуров-Ѓоргиев и управата најавија уште неколку засилувања кои дополнително ќе бидат промовирани.

Радовишани со триумфот над Еурофарм Пелистер 2 во баражот во јуни и по една сезона пауза се вратија во елитното друштво.