Радичевиќ е меч-винер, Лекиќ донесе златен бод за Ференцварош (ВИДЕО)

По паузата поради Светското првенство и Нова Година, продолжија натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа кај дамите.

Европскиот шампион Кристијансанд не игра во добра форма оваа сезона и го претрпе петтиот сезонски пораз кај Мец со 31-29 и падна на шестото место на табелата.

Крим по три порази оствари победа на домашен терен со 25-24, откако последниот гол беше дело на екс вардарката Јованка Радичевиќ во последните секунди.

Брест, Ѓер, Есбјерг, Оденсе и ЧСМ Букурешт ги оправдаа фаворитските улоги, додека мало изненадување беше ремито меѓу Икаст и Ференцварош, 28-28.

Унгарскиот тим успеа да се врати дома со злато вреден бод, откако по 28-26 за Икаст, Андреа Лекиќ ги постигна двата гола за реми, од кои последниот беше на пет секунди до крајот.

Сега Крим е петти на табелата со девет бода, Ференцварошт е шести со осум бода и во следните кола ќе продолжи борбата за место во елиминациите.

Лига на шампиони, 9 коло:

Ѓер – Савехоф 39-20
Есбјерг – Заглебје Лубин 32-26
Брест – Дебрецин 38-28
Крим – Рапид Букурешт 25-24
Икаст – Ференцварош 28-28
Битигхајм – Оденсе 25-28
Мец – Кристијансанд 31-29
ЧСМ Букурешт – Будуќност 44-26 

Покрај ЛШ, се играа натпревари и од Лигата на Европа. Таму Локомотива Загреб на Андреа Седлоска загуби дома од германскиот Турингер.

Подравка на Ивица Обрван се избори за реми и бод на незгодното гостување кај унгарскиот Ваци.

Лига на Европа, 1 коло:

Глорија Бистрица – Лубин 26-23
Локомотива Загреб – Турингер 21-28
Никобинг – Сторхамар 26-27
Мошонмаѓаровар – Таргу Жиу 33-27
Малага – Сола 22-26
Дунареа Браила – Шамбре Турен 27-21
Нант – Бенсхајм 39-27
Ваци – Подравка 28-28