ПСЖ најде замена за Раул

Најбогатиот клуб во Европа, ПСЖ, најде замена за екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, кој ја има последната сезона во редовите на ,,светците”.

Неговата тренерска функција, од јули 2025, ќе ја наследи поранешниот тренер на Алборг, Стефан Мадсен.

Данецот, моментално, на клупско ниво работи во Египет, поточно во тимот на Ал Ахли, а во францускиот клуб со себе носи и свој асистент.

Станува збор за Хенрик Мелград, ракометар на Алборг кој денеска најави дека ја игра последната сезона. Мелград дел од својата кариера мина токму во ПСЖ, таму настапуваше три сезони.

Искусниот Мадсен со Алборг оствари забележителни резултати и двапати тимот го однесе на завршницата во Лигата на шампионите.

Мадсен и Мелград со раководството на ПСЖ се договорија на соработка од две години.