Прволигашот Радовиш обезбеди пласман во групната фаза во Купот на Македонија, откако во дуелот со Преспа Вардар дојде до триумф од 41:22 (21:11).
Пласманот на Радовиш меѓу најдобрите 16 екипи во Купот е голем успех, бидејќи тимот во новата сезона влезе со подмладен состав.
На денешниот дуел во Ресен се беше решено уште во првиот дел, во кој гостите од Радовиш покажаа „кој е кој“ и на рутина дојде до убедлива победа, која што беше изразена со 19 гола разлика.
Најефикасни во победничката екипа беа Бојан Јованов со девет погодоци и Филип Трајанов со еден гол помалку.
Листата на стрелци во поразениот табор беше предводена од Бојан Поповски, кој постигна десет погодоци.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 44-26
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје