Прволигашот го победи суперлигашот – Младост подобар од Радовиш

Тимот на Младост Богданци запиша нова победа на пријателските натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Прволигашот успеа слави втор триумф над суперлигашот Радовиш, со 29-26, откако и на полувремето водеше со 15-12.

Избраниците на Митко Стоилов уште од стартот на мечот ја имаа контролата и водеа со седум голови разлика.

Младост Богданци до стартот на пролетниот дел од Првата лига ќе одигра уште еден пријателски натпревар.