Прволигашко дерби – Радовиш гостува кај Младост Богданци

Денеска ќе биде комплетирано 3 коло од прволигашкиот плеј-оф со натпреварот во салата „Млаз“ во Богданци.

Тимот на Младост Богданци има шест бода на четвртото место, додека Радовиш е место подолу со бод помалку.

Ако победат домашните ќе фатат приклучок со врвот и ќе се искачат на втората позиција, па ќе имаат само негатива од три бода од лидерот Бисинов.

Кај богданчани се враќаат репрезентативците Николоски, Чрчев и Панов, па ќе бидат комплетни за дерби двобојот со радовишани во чии редови има и неколкумина искусни ракометари.

Натпреварот меѓу Младост Богданци и Радовиш се игра вечерва во салата „Млаз“ со почеток во 20:00 часот.