Главна тема низ хрватските медиуми деновиве е останувањето или заминувањето на селекторот Горан Перковац.
Координаторот на машките селекции во ХРС, Зоран Гобац, во изјава за „Вечерњи Лист“ потврди дека тој ќе одлучи за судбината на селекторот Перковац, и дали евентуално ќе има нов селектор.
„Јас ќе одлучам за судбината на селекторот. Тој може и да остане. Но прво морам да го видам неговиот извештај, ќе разговарам со сите членови на стручниот штаб, но и со дел од искусните ракометари. Странец доаѓа во предвид да биде нов селектор, но не од просторите на екс Југославија. Може да биде само тренер од светска класа“, вели Гобац.
Што и да одлучат Хрватите, дали ќе остане Перковац или ќе менуваат, тоа мора да го направат што поскоро, бидејќи во средината на март ќе се играат квалификациите за Олимписките игри, каде не смеат да си дозволат нов кикс.