Прилеп лесно го реши Скопје

Ракометарите на Прилеп на гостувањето кај Скопје без проблеми дојдоа до триумф, кој беше изразен со 11 гола разлика, 32:21.

Прилепчани со денешната победа дојдоа до 6-ти триумф во плеј-аут фазата, сега имаат 21 бод и доколку продолжат во ваква форма, на добар чекор се да обезбедат опстанок.

Избраниците на Божидар Мојсов трите бодови ги освоија уште во првиот дел, во кој ја покажаа својата доминација, на пауза заминаа со предност од 14:7 и рутински ги одработија вторите 30 минути.

Гостинот поради високата предност, водеше и со 12 гола разлика, се опушти во последниот период, домаќините за момент стопија дел од предноста на Прилеп, но повторно влегоа во криза.

Најефикасен во победничката екипа беше искусниот Пеце Рајатоски со осум погодоци, шест постигна Томислав Квастек, по пет реализации имаа Христи Бикоски и Никола Цветаноски.

Кај поразениот табор се истакна Александар Грујевски со шест погодоци, втор среелц беше Јован Фичороски со два гола помалку.

Во следното, 9. коло, тимот на Прилеп на свој терен ќе го пречека Голден Арт, кој денес одигра само реми против Мулти Есенс. Екипата на Скопје во 9. коло е слободна.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142