Претстои голема борба за титулата и Европа – три екипи имаат „два од два“

Три екипи во плеј-оф фазата имаат „два од два“, три екипи сѐ уште се немаат израдувано на првите бодови во вториот дел од сезоната, додека Вардар и Тиквеш имаат половичен успех.

Вицепрвакот, Охрид и Еурофарм Пелистер имаат максимален учиник во разигрувањето за титулата. Екипите на Струга, Бутел Скопје и Пролет ги загубија првите два дули.

Кавадарчани во дуелот со вицепрвакот одиграа квалитетно и до последната минута беа во игра за барем реми, но домашниот тим ја осигура втората победа во разигрувањето за титулата, триумфираше со 26:25.

Предводниците на Лазаров се лидери на табелата со девет бодови, додека Еурофарм Пелистер е втор со бод помалку. И покрај поразот, составот предводен од Раде Стојановиќ останува во игра за висок пласман.

Тимот на Вардар се рехабилитира после поразот од Еурофарм Пелистер и во рамки од 2. коло ја забележа првата победа во вториот дел од сезоната, откако на свој терен без многу проблеми славеше над Пролет со 32:18.

Некогашниот шампион на Македонија сега во плеј-оф фазата има шест бодови на свое конто, моментално е позициониран на 4. позиција на табелата.

Дуелот со Пролет за „црвено-црните“ беше загревање за следниот натпревар, односно за гостувањето на незгодниот терен во Кавадарци.

Охрид во езерскиот двобој полесно од очекуваното славеше над Струга со 31:24 и со новите освоени бодови се израмни со Еурофарм Пелистер, двете екипи имаат по осум бодови.

Ракометарите на Стевче Алушовски во третото коло ќе му гостуваат токму на Еурофарм Пелистер, кој во второто коло ги освои бодовите во Скопје кај Бутел.

Актуелниот шампион на Македонија на крилата на Филип Кузмановски победи со 28:24 ја продолжи победничката серија.

Резултати, плеј-оф, 2. коло:
Алкалоид – Тиквеш 26:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Струга 31:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 24:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Пролет 32:18 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961970224
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР870123
3ОХРИД860220
4АЛКАЛОИД850318
5ТИКВЕШ 2014850316
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ81074
8СТРУГА80080

Распоред, плеј-оф, 3. коло:
Струга – Алкалоид
Еурофарм Пелистер – Охрид
Пролет – Бутел Скопје
Тиквеш – Вардар