Екипата на Борец ФЛ (поранешниот Бисинов) во продолжението на првенството ќе биде сериозно ослабен бидејќи си замина главната алка, човекот кој беше еден од најзаслужните за влезот на екипата во суперлигашкото друштво. Како што дознава 24ракомет, од екипата заминал Ивица Илиев, бекот кој е најдобриот стрелец во тимот, а со него заминал и голманот Славјан Паунов.
Заминувањето на искусните играчи може да биде проблематично за тимот кој се надева дека ќе успее да опстане во Супер лигата, иако покрај регуларниот дел треба да се игра и плејаут, за опстанок каде ќе игра Борец.
Илиев беше моторот и мозокот на тимот, и тој лани се врати во Велесе и му помогна на тимот да се врати во елитното друштво, а со него дојде и ветеранот Паунов и уште неколку играчи. Покрај играч, Илиев беше и тренер на тимот. Во меѓувреме екипата ангажираше нов тренер, Владимир Глигоров.
Екипата сезонава има две победи и две ремија, на 16 одиграни средби и е на 10 место во вкупно 6 бода.. Двете победи се против екипата на Струга, на гости и дома, и по еден бод освоија против Радовиш и Пролет.
Претходно од Велес замина и Тоше Ончев кој исто така беше донесен како големо засилување, и тој замина во странство. Од ланскиот состав, и оној што го почна првенството нема и некои луѓе кои беа дел од тимот и седеа на клупата, Сашко Радевски и Никола Василев, кои беа дел од тренерскиот тим..
Велешани се засилија со неколкумина играчи: Марио Миланов и Синиша Павлов, и и неколку непроверени интернационалци, Хрватот Бариша Цвитановиќ, Бразилецот Густаво Гуедас, а последниот во низата на засилувања е Црногорецот Милоп Милачиќ.
Утре продолжува првенството, а Борец ФЛ го пречекува тимот на Охрид.