Вардар останува лидер во Б групата од групната фаза на првенството на Македонија и има уште три кола до крај пред пласманот во плејофот каде би можел да пренесе максимални три бода. Победата против Прилеп, 36-26 (15-9) беше 10. за „црвено- црните“ сезонава, и втора на дуелите со прилепчани.
Додека Вардар размислува за пласман во фазата каде ќе се бори за титулата, прилепчани ќе се подготвуваат за плејофот во кој ќе се обидат да бидат што повисоко. тие остануваа на 6. место со седум освоени бодови, па до крај ќе се борат за пренесување барем на два бода во разигрувањето за опстанокот.
Се беше решено уште во првото полувреме, каде доминираа голманите на двата тима. Се до 20 минута од натпреварот голманите на двата тима беа „главни“ на теренот, и заедно имаа повеќе одбранети топки отколку што нивните соиграчи постигнаа голови.
Пет од деветте одбрани на Томовски беа во првите десет минути, а неговиот колега Давид Ацевски исто толку одбрани имаше за 12 минути.
Голманите не само што бранеа туку и постигнуваа голови, еден Мартин Томовски во првото полувреме за Вардар, аво второто истото му успеа и на Иван Ангелески од Прилеп.
Тоа беше период во кој имаше малку постигнати голови, многу одбрани н аголманите и десет технички грешки на двете страни. Тренерот Владо Недановски побара тајмауат, при резултат 3-2, по што Вардар за шест минути „избега“ на 8-3. Играа скопјани без неколку стандардни играчи како Георгиевски, Мишевски, Јасухира, а некои иако беа на клупата воопшто и не влегоа во игра.
До крајот на првото полувреме предноста на скопјани се зголеми на 14-5, а потоа гостите имаа серија и намалија на 15-9, резулат со кој се замина полувреме.
Хансер Родригез првпат му донесе водство на Вардар од десет гола, за водство 21-11 во 37 минута, а потоа уште неколкупати предноста беше „десетка“. Во 47 минута Карапалевски првпат погоди за „плус 11“ и водство од 27-16 за Вардар. Но, и покрај високата разлика во корист на „црвено-црните“ тренерот Недановски побарај тајм аут за да корегира некои грешки во играта на своите играчи. Се сменија и некои играчи на теренот, ама предноста остана на оние 9 до 11 гола во корист на Вардар.
Младиот Марио Стојановски доби доста аплаузи од малубројаната публика во салата за своите голови од речиси мртов агол, иако не беше меѓу најпрецизните. Мартин Караплевски и Милан Лазаревски дадоа по 8 гола за Вардар. Кај гостите Денис Шабановиќ постигна седум гола, а пет даде Христи Биковски.
ТАБЕЛА Б ГРУПА