Во првото коло на ЕП за младинци во Романија до Македонија ќе игра со Норвешка, а правдата ќе ја делат судии од Франција. Натпреварот е закажан за утре во 14,30 часот во Клуж. Судии се Хедид и Пико од Франција, а делегат е Турчинот Дилмен.
Заедно со Македонија и Норвешка, во истата група се уште и Данска и Норвешка. Тие нивниот дуел го имаат закажано за 19,30 часот, исто така во Клуж.
Во истата сала во Клуж (Хориа Демијан) се играат мечевите и од групата Ц каде се Шпанија, Летонија, Исланд и Австрија. На ЕП играат 24 репрезентации, а по првиот круг најдобрите две екипи од секоја група ќе продолжат да разигруваат за пласман од 1 до 12 место, а третопласираниот и четвртопласираниот тим од групната фаза ќе разигруваат за пласман од 13 до 24 место.
Нашите ракометари подготвувајќи се за ова ЕП одиграа четири пријателски натпревари против Саудиска Арабија, Грција и Италија, и на сите победи Македонија.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























