ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ѓорче Петров брка гостински триумф, еве кои ракометарки ќе играат

Европската ракометна федерацијa ги објави составите за првиот натпревар од третото коло во Европскиот Куп меѓу Ојпен и Ѓорче Петров.

Македонскиот шампион е фаворит против белгискиот тим, но фаворитската улога ќе треба да ја оправда и на теренот.

Тренерот Симе Симовски ќе има на располагање 12 ракометарки, a натпреварот меѓу Ојпен и Ѓорче Петров ќе се одигра со почеток од 14:00 часот.

Правдата на овој дуел ќе ја делат шпанските арбитри Ојарзун Ајлагас и Зарагуета Руиз, додека делегат ќе биде Холм од Германија.