ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Деби на Галевски на големата сцена

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра натпреварот од третото коло во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Франција, која е еден од фаворитите за освојување на златниот медал.

Французите во досегашниот тек на Мундијалот одиграа перфектно, триумфираа на сите пет натпревари.

Селекторот Кире Лазаров го одреди составот за денешниот натпревар и направи една измена, на местото на Марко Кизиќ ќе биде младиот Иван Галевски, а на трибини ќе останат уште Валентин Карасманакис и Александар Петковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција е на програмата од 20:30 часот.