Познати се учесниците на Ф4 во Купот на Германија – има и еден второлигаш!

По одигрувањето на четвртфиналните дуели во Купот на Германија, познати се четирите екипи што ќе се борат за трофејот на Ф4.

Тимовите на Кил, Рајн Некар Левен, Мелсунген и второлигашот Балинген обезбедија место на завршниот турнир.

Најдраматично беше на дуелот меѓу второлигашите Кобург и Балинген. Таму беше 30-30 во регуларните 60 минути, па мораше да се играат продолженија, по кои Балинген беше подобар со 38-33.

Кил преку Гумерсбах, кој го победи со 36-33 обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи, додека Рајн Некар Левен беше подобар од Ајзенах со 31-28.

Последниот учесник на Ф4 ќе биде тимот на Мелсунген, кој во дербито го совлада Фленсбург со 30-28 и обезбеди борба за трофеј.

Завршниот турнир ќе се игра во Келн на 12 и 13 април.