Познати полуфиналистите на Светското клупско првенство: Магдебург против Ал Ахли, Веспрем на мегдан со Барса

По одигрувањето на сите натпревари од двете групи на Светското клупско првенство, познати се сите полуфиналисти.

Магдебург, кој по победата над Ал Калеј од 35:28, прв избори полуфинале, за пласман во финалето ќе се бори против Ал Ахли.

Второто полуфинале ќе биде европско, бидејќи во него ќе играат Барселона и унгарскиот гигант Веспрем.

Избраниците на Чави Пасквал денеска триумфираа против Ал Замалек со 34:27 (18:15), додека Барселона немаше проблеми против Ал Ахли, триумфираше со 31:23 (17:10).

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 1 октомври, а завршниот ден е резервиран за 3 октомври.