Познати полуфиналисти на Супер Глоуб: Магдебург против Келце, Барса со Фуксе Берлин

Со комплетирањето на денешните натпревари од последното коло од групната фаза на Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство, познати се полуфиналните парови.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург, кој двапати по ред го освојуваше првото место, на последниот натпревар од групната фаза славеше против Универзитет Квинсленд со 57:14 и закажа полуфинале со Келце.

Токму полуфиналниот дуел меѓу бундеслигашот и полскиот прваќ ќе биде реприза од последното финале од Лигата на шампионите, кога ракометарите на Магдебург ја освоија титулата во европската елита.

Во второто полуфинале ќе играат екипите на Барселона и Фуксе Берлин. Каталонскиот гигант денес убедливо го доби дуелот против Ал Ахли со 11 гола разлика, 37:26, додека Фуксе Берлин славеше над Ал Кувајт со 37:28.

Екипите на Ал Ахли, Ал Кувајт и Ал Наџма ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место. За пласман од 9 од 12  место ќе разигруваат Ал-Нур,  Сан Франциско и Универзитет Квинсленд.