Ракометната федерација на Македонија ги објави официјалните лица за најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
Натпреварот ќе го судат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, додека ќе има двајца делегати – Марјан Начевски и Драган Начевски.
Дербито меѓу „црвено-црните“ и актуелниот шампион од Битола ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Битолчани се на врвот на табелата со максимален биланс и имаат 23 бодови, додека Вардар е втор со 18 бодови.
Ако „црвено-црните“ слават, тогаш ќе се вклучат во трката за титулата, а доколку битолчани освојат еден или три бода, тогаш ќе бидат на чекор до одбрана на титулата.