Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа на младинскиот Мундијал во Полска следната година, познати се уште четири од азискиот континент.
Се уште е актуелно Азиското првенство за младинци во Јордан, а таму полуфиналисти се селекциите на Саудиска Арабија, Јапонија, Кореја и Бахреин.
Азија има четири билети за Мундијалот, па четирите полуфиналисти им се придружија на 16 европски репрезентации.
Освен Македонија и домаќинот Полска, на СП 2025 ќе играат и шампионот од младинското ЕП – Шпанија, вицепрвакот Португалија, бронзената Данска, како и Германија, Шведска, Австрија, Исланд, Норвешка, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Словенија и Романија.
Останува да бидат пополнети уште 12 места. Африканскиот континент има шест места, три селекции ќе дојдат од Средна и Јужна Америка, две места се резервирани за Северна Америка и Кариби, а последното ќе биде за победникот на ИХФ Интерконтиненталниот трофеј за младинци.