Познат распоредот за „Трофеј Карпати“ – младинците на стартот со Саудиска Арабија, со Романија за крај

Машката младинска репрезентација на Македонија следната недела ќе настапи на силниот „Трофеј Карпати“ во романскиот град Баја Маре.

Селекторот Раде Стојановиќ за оваа акција повика 18 ракометари, кои ќе играат три контролни натпревари со Саудиска Арабија, Словачка и домаќинот Романија.

Според распоредот, македонските младинци на првиот ден од турнирот ќе играат против Саудиска Арабија со почеток во 14:00 часот.

На вториот ден ќе се сретнат со селекцијата на Словачка од 16:30 часот, додека во истиот термин ќе играат на третиот ден против домаќинот Романија.

Настапот на овој турнир е дел од подготовките за настапот на Европското првенство за младинци во Словенија следното лето.

Стојановиќ смета на 18 ракометари за „Трофеј Карпати“, младинците ги очекуваат три контроли