ПОТВРДА ОД БИТОЛА: Червар го презема Еурофарм Пелистер

Уште на 10 мај 24ракомет го најави враќањето на Лино Червар во Македонија, овојпат на клупата на Еурофарм Пелистер, а од клубот стигна и потврдата дека познатиот хрватски тренер кој има и македонски пасош ќе треба да го „воскресне“ тимот.

„Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите“, се вели во објавата на клубот.

Лино Червар остави длабока трага во македонскиот спорт како тренер на Металург, клуб со кој создаде генерација што испиша историја. Под негово водство, тимот од Автокоманда стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите (2014 и 2015), а Македонија тогаш живееше за ракометот. Потоа кратко беше и селектор на Македонија пред да добие повик да се врати на клупата на Хрватска.

Во својата кариера, Червар има освоено златен медал на Олимписките игри во Атина 2004, светско злато во Португалија 2003, како и бројни европски медали со репрезентацијата на Хрватска. Познат по својата страст и интелигентен пристап кон ракометот, тој е еден од ретките тренери кои оставиле печат и во репрезентативниот и во клупскиот ракомет на највисоко ниво.

Се екипата на Металург беше четирипати шампион на Македонија, трипати го освојуваше Купот и беше вице-победник во првата сезона СЕХА лигата во сезоната 2011/2012.

Бомба од Битола: Червар на чекор до клупата на Еурофарм Пелистер!