Потег за почит: Пролет ќе го исплати целиот договор на Јовиќ на неговото семејство!

Раководството на тимот на Пролет донесе одлука која е за секоја почит. По ненадејната смрт на Александар Јовиќ, од управата објавија дека договорот што го имаше стратегот до крајот на оваа сезона ќе биде исплатен на неговото семејство.

Јовиќ дојде на клупата на Пролет во текот на минатата натпреварувачка сезона, и остави голем печат во клубот.

„Тагата од прераната смрт на нашиот Александар Јовиќ се уште е огромна и останува непребол за сите членови во нашиот клуб. Затоа, како управа донесовме одлука договорот на Јовиќ што го имаше со Пролет, да биде исплатен до крајот на оваа натпреварувачка сезона на неговото најблиско семејство“, напишаа од скопскиот клуб.

На негово место во клубот е ангажиран Никола Матлиески, кој се враќа во клубот каде што работеше своевремено.