Полскиот шампион Висла Плоцк за следната сезона на голот ќе има еден од најдобрите млади чувари на мрежата, Виктор Гисли Халгримсон.
Според „ТВП Спорт“, голманот на Нант треба да се пресели во Барса во 2025 година, како замена за Гонзало Перез Де Варгас, но во меѓувреме ќе замине од Франција и ќе одработи една сезона во Плоцк.
Во 2025 година во Висла Плоцк доаѓа Торнбјорн Бергеруд од Колстад, како и бековите Митја Јанц и Мелвин Ричардсон од Барса.
На крајот од оваа сезона од полскиот првак заминаа Тин Лучин, Гонзало Перез Арсе и Нико Миндегиа.