Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во новата сезона нема да игра во полската елита поради финансиски проблеми.
Главниот спонзор на тимот, групацијата Азоти, која исто така финансираше уште еден клуб од Полска, го откажала своето спонзорство на Тарнов.
Како што соопштува споменатиот медиум, ниту разговорите на раководството на клубот со градските власи во Тарнов не вродиле со плод.
Ракометарите на Тарнов во изминатата сезона завршија на десеттото место од регуларниот дел и успеаја да изборат опстанок во суперлигашкото друштво.