Полска по вторпат ја „преслуша“ Аргентина

Репрезентацијата на Полска го доби и вториот контролен дуел против Аргентина, откако славеше со 34:26 (17:13).

Избраниците на Марцин Лијевски одиграа далеку подобро за разлика од вчерашниот натпревар, на кој триумфираа со 27:26.

Полјаците на Европското првенство ќе имаат тежок предизвик, бидејќи за ривали во групната фаза ги имаат Словенија, Норвешка и Фарски Острови.

Првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.