Поделени седум евро-билети: Шпанија, Црна Гора, Франција…се пласираа на ЕП 2024

Минатиот викенд се одиграа 15 натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, по кои се познати уште шест патници на континенталниот собир.

Откако Данска уште во средата го потврди местото на ЕП по триумфот над Полска, викендов уште шест селекции се пласираа во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Шпанија по двојниот триумф над Македонија го грабна евро-билетот, исто како и Црна Гора, Франција, Романија, Холандија и Шведска.

Од претходно на ЕП се пласирани домаќините Унгарија, Австрија и Швајцарија, како и европскиот шампион Норвешка, додека останатите места ќе бидат поделени на 3/4 и 6/7 април.

Македонија со триумф над Азербејџан, како и пораз на Литванија од Шпанија, ќе се пласира на ЕП 2024.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro)