Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, пред неколку дена го продолжи договорот со бундеслигашот Фуксе Берлин.
Данецот, кој во редовите на ,,лисиците” ќе остане најмалку до летото, 2029 година, си доби и побогат договор.
Според пишувањата на германскиот портал „Билд“, платата на Гидсел сега ќе биде 50.000 евра месечно.
За големата ракометна ѕвезда беа заинтересирани повеќе клубови, но раководството на Фуксе Берлин успеа да ја продолжи соработката со десниот бек.
Гидсел веќе трета сезона го носи дресот на Фуксе Берлин, претходно беше дел од ГОГ, клуб во кој се експонираше како идна светска ѕвезда.