По осум сезони се врати во матичниот клуб

Црногорската репрезентативка Јелена Деспотовиќ по осум сезони се врати во матичниот клуб Будуќност Подгорица.

Деспотовиќ ова лето се пресели во Ференцварош, но имаше мала минутажа и реши да го раскине договорот со европскиот вицепрвак.

Со оглед на тоа што играше за Ференцварош во Лигата на шампионите, ќе има право за настап за Будуќност дури во евентуалното осминафинале.

Црногорката по настапите за Будуќност и Бисери Плевља во Црна Гора, во 2015 година замина во Унгарија.

Таму играше долго време за Дебрецин, потоа и за Ѓер, пред да се пресели во Ференцварош, но таму престојот и траеше кратко.

Деспотовиќ му е сопруга на членот на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ, со кој годинава доби дете.