Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, по Игор Карачиќ, дополнително повика уште еден ракометар.
Сигурдсон упати повика до левото крило на полскиот шампион Висла Плоцк, Ловро Михиќ, кој ќе се приклучи на националниот тим.
По повредата на Давид Мандиќ, кој веројатно нема да игра до крајот на СП, Сигурдсон остана само со Марин Јелиниќ на левата крилна позиција, па не сакаше да ризикува и го повика Михиќ.
Хрватска славеше против Аргентина и Бахреин, а против Египет ќе се бори за првото место во групата и да пренесе четири бода во главната рунда.
Во меѓувреме Хрватите останаа и без Лука Циндриќ, па нема да биде изненадување ако Сигурдсон повика уште некој нов ракометар.