Можеби најдобрата ракометарка на десната бековска позиција во моментов во светот, Ана Вјахирева, ова лето замина од трикратниот европски првак Кристијансанд и ќе го облече дресот на францускиот Брест.
Трансферот на Вјахирева стана најскап во историјата во женскиот ракомет, иако во споредба со машките трансфери или со оние во другите екипни спортови, се работи за смешна сума.
Норвешкиот тим ќе инкасира околу 170.000 евра од продажбата на Вјахирева, која имаше уште една сезона договор. Таа откри дека имала само две опции пред неа.
„Можев или да си заминам од клубот, или да го оставам во ужасна финансиска положба пред банкрот…Плачев неколку дена. Преминот од Кристијансанд во Брест…значи дека ги оставам моите колешки, другарки…едноставно, тажно. На почеток не можев да поверувам во тоа. Мислев дека ќе може се да реи поинаку, но кога сфатив дека е сериозно, бев во шок“, изјави Вјахирева.
Русинката во Брест Бретањ ќе замени друга Русинка, Валерија Маслова, која замина во унгарскиот Ференцварош.