Kaко што најави 24Ракомет, македонската репрезентативка Марија Гугуљанова од наредната сезона ќе го има првиот предизвик во странство.
Десното крило што беше дел од Ол Стар тимот на 24Ракомет во Супер женската лига и што освои двојна круна минатата сезона со тимот на Ѓорче Петров од летово ќе игра за полскиот тим Пјотрковија, а клубот денеска го официјализираше трансферот.
Станува збор за тимот што беше третопласиран во полскиот шампионат минатата сезона зад Заглебје Лубин и Лублин, и покрај на домашна сцена ќе игра и во Лигата на Европа.
Гугуљанова потекнува од Валандово, а во кариерата во Македонија играше за Металург, Металург Автокоманда и Ѓорче Петров, а настапите во Полска ќе и бидат први надвор од нашата држава.
Во составот на Пјотрковија своевремено играше уште една Македонка, Зорица Десподовска.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























