Изминатите неколку дена се комплетираше 5. коло од пионерската лига во женска конкуренција.
Во група А, Вардар продолжува со победите и се зацврсти на првото место на табелата со 15 бода. Вардарки триумфираа против Младост Богданци со 25-10. Најефикасна кај Вардар беше Мила Ристовска со пет гола, додека кај Младост Богданци најефикасна беше Мелита Бурмузовска со шест гола.
Делчево Вардар, кој е на второто место на табелата со 12 бода забележа убедлива победа против Овче Поле СУ со резултат 30-11. Во победата Делчево Вардар беше предводен од Мелита Јовановска и Бојана Георгиевска со по седум гола, додека кај Овче Поле СУ најефикасна беше Андреа Василева со четири гола.
Астибо победнички против Металург Автокоманда на домашен терен со 18-14. Ана Марија Накова со осум погодоци најефикасна кај Астибо, додека кај Металург Автокоманда најефикасна беше Весна Наковска со пет погодоци.
Старк забележа уште една победа во пионерската лига, откако на гости триумфираше против Кузман Вардар Илинден со 24-15. Најдобар стрелец кај Старк беше Ангела Петрова со 12 гола, додека кај Кузман Вардар Илинден најефикасна беше Мила Савовска исто така со 12 гола.
Во група Б, изненадување приреди екипата на Деспина, која ја совлада екипата на Металург со конечни 16-12. Иако на пауза беше нерешено 8-8, сепак Деспина го зголеми водството во второто полуврем. Најефикасни кај Деспина беа Матеа Христоска и Анастасија Јованоска со по пет гола, додека кај Металург најефикасна беше Ана Георгиевска со шест гола.
Ѓорче Петров продолжува со победите и го завери првото место со 15 бода, откако славеше кај Чаир со 15-21. Најефикасна во Ѓорче Петров беше Ања Лашкоска со пет гола, додека кај Чаир најефикасна беше Мелиса Абази со седум гола.
На останатите натпревари победи забележаа Стружанка против Младост Јуниори со високи 31-7. Кај Стружанка најдобра беше Елена Балоска со 12 погодоци, додека кај Младост Јуниори најдобра на теренот беше Еџе Сејадин со четири погодоци.
Пелистер беше сигурен против Лихнид со конечни 29-6. Анастасија Тодоровска со осум гола кај Пелистер, додека кај Лихнид најефикасна беше Мелис Далипоска со три гола.
Пионерки, 5. коло, резултати:
Група А:
Кузман Вардар Илинден – Старк 15-24
Овче Поле СУ – Делчево Вардар 11-30
Вардар – Младост Богданци 25-10
Астибо – Металург Автокоманда 18-14
Група Б:
Пелистер – Лихнид 29-6
Чаир – Ѓорче Петров 15-21
Младост Јуниори – Стружанка 7-31
Металург – Деспина 12-16