Петровски со солиден учинок во ремито со Тузла

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, заедно со екипата на Коњух се изборија за нерешен резултат против Слобода Тузла, 27:27, во натпревар од 3. коло во босанскиот шампионат.

Битолчанецот на овој дуел даде голем придонес во неговиот нов клуб, бидејќи натпреварот во Тузла го заврши со два погодоци и четири асистенциии.

Тимот на Петровски моментално се наоѓа на 7. позиција на табелата со три бода, додека првопласираната Грачаница на свое конто има шест бода.

Следен предизвик за Петровски и Коњух ќе биде домашниот дуел со Криваја, која во претходното коло беше поразена од амбициозниот Леотар.