Петка за Костески, Плзен го доби македонскиот двобој во Чешка

Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, продолжува со победите во чешкиот шампионат.

На последниот натпревар Плзен славеше против Маломерице на Синиша Павлов со убедливи 41-15, во натпревар од 9 коло.

Костески успеа да постигне пет погодоци на овој натпревар, додека Павлов не успеа да се запише во листата на стрелци.

Плзен е на лидерското место со осум на победи и едно реми на девет меча со 17 бодови, додека Маломерице е претпоследен со два бода.