Најдобар стрелец во „црвено-црниот“ тим беше Младен Крсманчиќ, кој постигна 11 погодоци во битолската мрежа.
Српскиот интернационалец беше сигурен од линијата од седум метри и имаше само едно промашување, па вели дека нема причина зошто Вардар да не биде шампион сезонава.
„Отворивме добро, тоа беше најважно, иако не беше така на претходните натпревари во Битола. Ние ја имавме контролата, можеби имавме притисок бидејќи знаевме што значи овој натпревар, иако тој беше позитивен. Наметнавме своја игра и заслужено победивме. До крајот треба да само да го потврдиме ова што досега го направиме, искусна екипа, знаеме што сакаме и сметам дека нема причина да не ја освоиме титулата оваа сезона“, вели Крсманчиќ.
Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето кај „сино-белите“ во Автокоманда, но претходно ќе треба да ги одиграат двата меча од Купот на Македонија.