Пелистер го промовира новиот стратег – на клупата се враќа Борче Корлевски

Тимот на Пелистер го промовираше новиот стратег по разделбата со Адријано Котевски, а на клупата се враќа познато име.

Тоа ќе биде Борче Корлевски, кој своевремено седеше на клупата на овој тим и го водеше со успех.

Корлевски работеше и во младинските екипи на Пелистер, Битола, како и во женскиот тим на Пелистер, а беше и технички директор во машкиот тим.

Тимот што ќе го води Корлевски првата фаза од подготовките ќе ја мине во Битола, а потоа ќе заминат на подготовки во Охрид.

Битолчанки се засилија со поранешната кадетска репрезентативна голманка Ема Кирова, како и со бекот Јована Конева, па тренерот Корлевски ќе има солиден состав на располагање.