Партизан подобар од Македонија ЃП за втор сезонски триумф

Екипата на Партизан Гевгелија пред својата публика славеше во дуелот против тимот на Македонија Ѓорче Петров со 28:27 во натпревар од 6. коло од суперлигашката конкуренција.

Домашниот тим, кој беше предводен од Лисичков и Зајков, во најголемиот дел од првото полувреме беше во резултатска предност.

По 30 минути игра беше 14:13 за домаќините, додека во вториот дел гостите од Ѓорче Петров се вратија во игра, го презедоа водството, но не издржаа до финишот.

Откако беше 23:23, домаќините со три гола во низа се одлепија на 26:23 и до крајот имаа активен резултат.

Најефикасни во победничката екипа беа Горан Лисичков и Васил Зајков со по осум погодоци.

Во поразениот табор се истакнаа Стефан Теразиевски и Дамјан Миноски со по шест погодци, еден помалку запиша Максимилијан Ѓиноски.