Партизан донесе уште две засилувања

Српскиот првак Партизан донесе уште две засилувања за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Станува збор за тандемот левораки ракометари од Металопластка Шабац – Брана Мирковиќ и Милија Паповиќ.

Мирковиќ е десен бек и ќе има силна конкуренција со Никола Црноглавац и Сергеј Иванов, додека Паповиќ е десно крило и ќе игра во комбинација со Лазар Анѓелковиќ.

Претходно Партизан се засили со Мигел Санчез Мигаљон, Илија Абутовиќ, Јуав Лумбросо, Владислав Кулеш, Тобијас Вагнер и Милош Кос.