Парондо и Мелсунген итаат кон Лигата на шампионите!

Мелсунген славеше против составот на Гумерсбах во интересен натпревар со 26-25 и сега се наоѓа на делба на лидерското место во Бундес лигата.

Иако тимот на Роберто Парондо водеше со плус три, 26-23, мораше на крајот да трепери за конечниот исход од дуелот со незгодниот гостин.

Сега Мелсунген има 42 бодови, исто колку што досега собра и Фуксе Берлин по 26 одиграни натпревари.

На третото место е Хановер кој има 39 бода, но и меч помалку, додека Кил е на четвртата позиција на табелата со 38 бода, но и меч повеќе.

Доколку ја издржат борбата до крајот Фуксе Берлин и Мелсунген ќе бидат учесници во Лигата на шампионите, а тоа ќе значи и камбек на Роберто Парондо, кој со Вардар освои титула во 2019 година.