Олимписките игри ја окупираат светската спортска јавност, а Македонија покрај натпреварувачите, во Париз има и други претставници
Најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои ја делат правдата на ракометниот турнир, се фотографираа со можеби најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ.
„Со легендата, еден и единствен Ноле“, напиша Начевски на социјалните мрежи.
Тие заедно го следеа натпреварот од одбојкарскиот турнир меѓу Франција и Србија, па решија да направат фотографија за спомен.
Двајцата Македонци утре ќе го судат мечот меѓу Хрватска и Словенија од 11:00 часот, додека Новак Ѓоковиќ ќе игра против Рафаел Надал од 13:30 часот.