Овче Поле победнички против Преспа Вардар

Ракометарите на Овче Поле не дозволија изненадување и го совладаа составот на Преспа Вардар со 33-30 во натпревар од 10 рунда во прволигашкиот плеј-аут.

Домашните беа константно во предност во првиот дел, имаа и највисоки плус четири, но до паузата Преспа успеа да ја преполови негативата, 20-18.

Гостите комплетно се вратија во игра, израмнија на 20-20, а беше и 22-22, но тогаш влегоа во серија грешки и следуваше клучниот период на мечот.

Овче Поле се одлепи на 25-22 и до крајот не ја испушти таквата предност, што му гарантираше победа и три бода неважните битки од плеј-аутот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитар Минов со осум и Стојанче Ристов со седум гола, додека кај Преспа Вардар се истакна Мартин Мазниковски со седум погодоци.