Олсон повика уште двајца ракометари за ЕП

Селекторот на Холандија, Штафан Олсон, повика уште двајца ракометари и сега ќе има на располагање 18 за подготовките за Европското првенство.

Дополнителен повик имаше за десниот бек Исо Слујтерс од швајцарската Амичитија Цирих и Нико Блоу од германскиот Либек.

Холанѓаните ќе бидат ослабени на Европското првенство во Германија, откако останаа без еден од најдобрите – Каи Смитс.

Избраниците на Штафан Олсон ќе одиграат три пријателски натпревари пред ЕП против Египет, Данска и Норвешка.

Холандија е во група со Грузија, Босна и Херцеговина и Шведска.

Олсон го објави списокот за ЕП – има тројца дебитанти!