По комплетирањето на четвртфиналните средби од Лигата на шампионите, познати се четирите учесници на завршниот турнир во најелитното натпреварување.
Европскиот првак Магдебург им се придружи на Барселона, Алборг и Фуксе Берлин, па на 13 и 14 јуни во „Ланксес Арена“ во Келн не очекуваат многу возбудувања.
Уште шест екипи (четири во Лигата на Европа и две во ЕХФ Европскиот Куп) останаа во трка за европските трофеи оваа сезона, а меѓу нив е и македонскиот Охрид.
Во Лигата на Европа за титулата ќе се борат Мелсунген, Фленсбург, Кил и францускиот Монпелје, додека во ЕХФ Европскиот Куп покрај Охрид во игра остана и Татабања од Унгарија.
Меѓу десетте екипи во трите европски купови има дури пет екипи од Германија, по една од Шпанија, Франција, Данска, Унгарија и Македонија, па јасно е дека нашата лига може да се вброи меѓу најдобрите во Европа, а македонските клубови можат да се носат рамо до рамо со најсилните.
























