Охрид рутински ја мина прва пречка во Купот

Ракометарите на Охрид ја минаа првата пречка од групната фаза во Купот на Македонија, откако остварија победа над составот на Прилеп со 32-27.

Избраниците на Стевче Алушовски немаа големи проблеми со прилепчани и уште по првиот дел го најавија победникот кога беше 19-13.

Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата, а шанса за настап добија повеќе ракометари.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Винисиус со седум гола, а Мацуока и Ристески имаа по пет, додека кај Прилеп се истакнаа Квастек со шест и Илиески со пет гола.

„Гладијаторите“ во финалната битка за Ф4 во Купот на Македонија ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу Тиквеш и Аеродром.

Куп на Македонија, групна фаза, распоред:

група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале

група 2 (сала Боро Чурлевски)
27/04, 11:00, Еурофарм Пелистер – Куманово
27/04, 13:30, Радовиш – Струга
27/04, 18:30, финале

група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28

група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале