Оденсе веќе се пласираше во четвртфиналето во ЛШ!

Екипата на Оденсе рутински одигра против Сторхамар и триумфираше со 33:20 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Данскиот тим веќе може да го планира четвртфиналниот двобој во најквалитетното европско натпреварување, бидејќи на реванш дуелот ќе можи да си дозволи и мал луксуз.

Гостинките уште од самиот почеток покажаа дека домашниот тим нема ни теоретски шанси, па така од минута во минута градеа солидна предност, за на крај да слават со 13 гола разлика.

Предводник во победничката екипа беше Делиа Рушхфелдт, која постигна девет погодоци, а ја следеше Марен Ардалх со пет реализаици. Во поразениот табор се истакна Кјерстин Боге со четири погодоци.

Дебакл на Крим во Германија, Лудвигсбург веќе може да слави четвртфинале