Украинскиот интернационалец Данило Осадчиј, кој ова лето дојде во Тиквеш од Кавадарци, ќе има нов предизвик во кариерата.
Откако не задоволи со своите изданија во Кавадарци, во продолжение од сезоната ќе настапува во словачкиот шампионат.
Тој потпиша договор со некогашниот првак на Словачка, Спорта Хлоховец, па ќе се обиде да се наметне во овој клуб.
Кавадарчани го ангажираа босанскиот кружен напаѓач Никола Летиќ на местото со Осадчиј, и сега Летиќ му е партнер на Кристијан Анастасовски на линијата од шест метри.